Start За NIBE Новини [2021-02-11] Уште една успешна година за NIBE
Разговарај Со Стручно Лице

Уште една успешна година за NIBE

NIBE завршува уште една успешна година со силен пораст на продажбата и профитот (согласно Годишниот извештај за 2018 година).

  • Продажбата покажува раст од 18,5% на СЕК 22.516 милиони (СЕК 19.009 милиони)

  • Профитот е зголемен за 22,2% на СЕК 2.667 милиони (СЕК 2.182 милиони)

  • Добивката по акција изнесува СЕК 4,11 (СЕК 3,38)

  • Предложена е исплата на дивиденда од СЕК 1,30/акција (СЕК 1,05/акција)

  • Делумна аквизиција на BriskHeat Corp. во САД, CK Fires Ltd во Обединетото Кралство, EMIN Group во Турција, преостанатите акции во Rhoss S.p.A. во Италија и бизнисот на Alfa Laval за системи за централно греење/ладење (Cetetherm)

„NIBE имаше силна година во 2018 како резултат на натфрлање на таргетот за продажба од 20 милијарди. Сега го поставивме следниот таргет од 40 милијарди,“ изјави Гертерик Линдквист, генерален директор на NIBE.

„Континуирано добар органски раст, силна заработка и висока стапка на аквизиции продолжија и во текот на оваа година. Со адекватниот спектар на производи, сите деловни области се добро позиционирани и целосно подготвени за транзиција на општеството кон поодржлив пристап и однесување. Интеграцијата на стекнатите оддели се одвива според планот и истите придонесоа за зголемувањето на заработката.“

„Нашите производи и корпоративната филозофија се во согласност со потребите и предизвиците на модерното време. Имаме солидна профитабилност, добро сме подготвени за дополнителни аквизиции и се одликуваме со многу диверсифицирана географска распространетост која обезбедува стабилност. Како и секогаш, се соочуваме со значајни неизвесности на глобално ниво, но и покрај тоа остануваме внимателни оптимисти за 2019 година,“ изјави Линдквист.

Прочитајте ја изјавата во pdf тука

_