Верувам дека повеќето од нас се свесни за климатските промени. Сите разбираме дека фосилните горива ја загадуваат нашата атмосфера и дека мора да го намалиме нашиот јаглероден отпечаток за да ги заштитиме идните генерации. Со текот на годините, носителите на политики ја подигнаа свеста за оваа важна тема, привлекувајќи го вниманието на јавноста и обезбедувајќи широка поддршка за зачувување на животната средина. Се разбира, ова прашање стана уште повеќе загрижувачко кога климатските активности не се спроведоа до крај. Продлабочувањето на еколошката криза, исто така, разбирливо предизвика масовни протести по улиците низ градовите ширум светот. Со четирикратно зголемување на поддршката за протестите за време на велигденските празници, неодамнешниот документарец за климатските промени на сер Дејвид Атенборо не можеше да дојде во подобро време.
Мрачен и директен во своето експозе за светот и каде е истиот упатен, едночасовниот документарец дава отрезнувачки осврт на штетата што е веќе направена. Како што Атенборо ги претставува последиците од нашата затоплена планета, секое откритие е со посилно значење и појасна порака од претходното. Мораме да направиме промени и мора да ги направиме брзо. Нашите шуми имаа апсорбирано една третина од емисиите на СО2, нивото на морињата е зголемено за 20 см во последните 100 години и се доближуваме до точка од каде нема враќање. Да се продолжи со согорување на фосилни горива и со негирање на состојбите е неразбирливо, кога имаме толку многу ресурси и технологии кои ќе ни помогнат во транзицијата кон почиста економија.
Крис Старк, главен директор на Комитетот за климатски промени ја повтори потребата од отргнување на енергетските системи подалеку од фосилните горива кои произведуваат емисии на стакленички гасови. Сосема на место беше неговата изјава дека „трошоците од превземање на акција се засенети од трошоците од неактивност.“ Со наглото намалување на цената на обновливата енергија и со развојот на иновативни технологии, поседуваме стручност и знаења за да го спречиме настанувањето на понатамошна штета.
Во моите претходни блогови веќе ја демонстрирав мојата поддршка за наодите од последниот Извештај за домување на Комитетот за климатски промени. Извештајот е во согласност со политиките на NIBE за развивање на пазарот за топлотни пумпи. Двата извештаи ја истакнуваат важноста од инспектирање на одржливоста на новоизградените домови и повикуваат на усвојување политики кои ќе осигураат дека новите домови нема да се приклучуваат на гасоводната мрежа.
Можеби, јавноста беше зачудена од статистиката за СО2 емисиите прикажана во документарецот, од кои, голем дел се припишуваат на системите за греење и тоа 25%. За жал, ова не е изненадување за мене. Ваквите статистики се движечката сила за NIBE во време на нашите кампањи со кои им нудиме на потрошувачите решенија за нискојаглеродни топлотни пумпи. Оваа статистика само ја потврдува важноста за тоа нашите домови да бидат енергетски поефикасни, за да го зачуваме природниот свет во наредните години.
Уште еднаш барам од Владата да стави крај на употребата на фосилните горива во домаќинствата, до почетокот на 2020 година, со цел да се избегне да се направи поголема штета. Како што се стремиме кон елиминирање на фосилните горива, секако дека е ветувачки да се види дека Британија го урна својот рекорд на употреба на енергија која не доаѓа од јаглен за време на велигденскиот викенд, победувајќи го претходниот рекорд од 76 часа и 10 минути со над 90 часа до понеделникот попладне.
Меѓутоа, ако сакаме да одиме напред, мора да бидеме уште поамбициозни и да имаме за цел да ја намалиме зависноста од сите фосилни горива, вклучително и на оние што се користат за затоплување на нашите домови. Со дополнителен притисок од јавноста, бидејќи се повеќе луѓе развиваат страст за климатските промени, можеби Владата ќе продолжи со она што треба да се направи. Овој притисок е во согласност со законски обврзувачките таргети, кои предвидуваат намалување на емисиите за половина до 2030 година и нула емисии до 2050 година. Меѓутоа, со 6,8 тони стакленички гасови емитирани по глава на жител во Обединетото Кралство во изминатата година, секако ни претстои долг пат.
Нема сомневање во тоа. Нашиот свет станува се потопол и потопол и ќе продолжи така сè додека не ги промениме нашите начини на однесување кон животната средина. Со толку многу емисии што се складираат во шумите и океаните, уште колку време можеме да дозволиме коралите да изумираат или шумите масовно да се уништуваат, што додава СО2 во атмосферата. Ако шумските пожари, зголемувањето на океаните, топењето на мразот, порастот на нивото на морињата или исчезнувањето на мочуриштата, не ја донесат промената што е потребна, не можам а да не се прашам што ќе се случи.
_