Keep track of your NIBE heat pump via your smart phone or tablet.

myUplink

Клучот до вашиот паметен дом

Комлетирајте го вашиот паметен дом со myUplink

Во истиот момент со излегувањето на новите паметни S-серии, ново развиената апликација myUplink е објавена, која е клучот за вашиот паметен дом. Едноставноста и јасноста беа двете главни точки при развивањето на myUplink. Компатабилна со сите продукти од S-сериите, сите потреби за функционалноста на продуктот може лесно да се пронајдат и наместат на новиот дисплеј.


myUplink

Со myUplink, добивате брз преглед на статусот од вашата топлинска пумпа и степенот на топлина во вашиот дом. Ова ви овозможува лесно да го следите и контролирате греењето и производството на топла вода. Ако вашиот систем е засегнат, ќе бидете известени на апликацијата и на мејл.

  • Безразлика каде сте ви овозможува целосна контрола врз вашата топлинска пумпа.
  • Јасен и лесен за употреба, преглед врз топлењето и степенот на топлата вода за максимална удобност.
  • Компензација за временска прогноза.

Преглед и Контрола

Со топлинските пумпи од S-сериите и myUplink апликацијата можете лесно да ја контролирате топлината, топлата вода и системот за вентилација во вашиот дом. Вие добивате целосен преглед за статусот од топлинската пумпа и греењето во вашиот дом.

Временска Прогноза

Вашата топлинска пумпа може да се адаптира според временската прогноза, што е прилично добро во случаи на драстична промена на температурата. Вашата интелигентна топлинска пумпа и myUplink знаат какви температури следат и според тоа ја менаџираат температурата за поефикасно и ефективно топлење.

Историја од податоци и Контрола со Глас

Добијте пристап до историски податоци и бројни интелигентни услуги, како што се гласовна контрола и IFTTT*, што ви овозможува да поврзете неколку паметни производи еден со друг.Ако сакате да ја контролирате топлинската пумпа од далечина, вашиот инсталатер може да ви помогне да започнете со апликацијата myUplink.

Control your NIBE heat pump with voice assistant

Контрола со глас

Контролата со глас е природен дел од паметниот дом; Ви овозможува да пуштате музика, да ги добивате најновите вести, да ставите кафе и повеќе - само со користење на вашиот глас. Одеднаш, не ви треба ни притискање на копче за да ја слушнете вашата омилена песна или да дознаете дали да го земете вашиот чадор со себе додека излегувате од вашиот дом.

Со NIBE S-серијата, можете да ја контролирате вашата внатрешна температура на ист начин како и другите функции контролирани со глас на вашиот гласовен асистент, со што стекнувате целосна контрола врз тоа колкава сакате да биде вашата внатрешна температура. Можете лесно да ја додадете вашата топлинска пумпа преку конфигурацијата на гласовниот асистент заедно со премиум функцијата „Change“ на myUplink. Потоа, можете да работите и да разговарате за внатрешната температура со вашиот гласовен асистент.

Пробајте го myUplink во "demo mode" и истражете го можностите и опциите кои ги нуди.

Demo version of myUplink

Username: demomyuplink@nibe.se
Password: Demo1234

Create a myuplink account here

app storeapp store qr code

google playgoogle play qr

myUplink PRO

Апликацијата myUplink PRO има бенефит од нашата широка мрежа на професионални корисници, нудејќи низа функции кои помагаат со пуштање, следење и дијагностицирање на топлинските пумпи на лесен начин. Пристапот до сите менија, вклучувајќи ги и поставките за инсталатерот, ја намалува потребата инсталатерите да посетуваат локации и наместо тоа нуди паметни решенија.

  • Функција за директно поврзување додека сте на лице место за започнување со работа и прилагодување на поставките за услугата преку паметниот уред.
  • Целосен пристап за инсталација на далечина.
  • Следење на повеќе системи истовремено.
smart range cut

Паметни додатоци

Топлинската пумпа од серијата S е интелигентна уште од самиот почеток. Но, за оние кои сакаат да ја направат топлинската пумпа поголем дел од вашиот паметен и енергетски ефикасен дом, има неколку безжични додатоци кои обезбедуваат дополнителна удобност во секојдневниот живот.

NIBE heatpumps - myUplink

Паметно

Преку новиот, паметен, скандинавски дизајниран интерфејс, можете да преземате податоци во реално време од вашата топлинска пумпа и да ја следите инсталацијата на вашиот паметен телефон или таблет. Паметното прилагодување на цената, ажурирањата на софтверот, мониторингот, контролата на алармот и временската прогноза се стандардно вклучени.

Ќе имате пристап и до услугата IFTTT и гласовните асистенти.

NIBE heatpumps - myUplink

Премиум и myUplink PRO

Со премиум претплата, лесно ги контролирате и прилагодувате поставките на вашата паметна топлинска пумпа без разлика каде сте.

Апликацијата myUplink PRO има корист од нашата широка мрежа на професионални корисници, нудејќи низа функции кои помагаат со пуштање, следење и дијагностицирање на топлинските пумпи со леснотија.

NIBE heatpumps - myUplink

Контрола според Временска прогноза

Со контрола според Временска прогноза, можете да дозволите вашата топлинска пумпа да се прилагоди на временската прогноза, што е особено добро за драстични температурни промени. Паметната топлинска пумпа е проактивна и знае кога ќе има промена на времето, ефикасно справувајќи се со временските промени.