NIBE F1355 е интелигентна и моќна топлотна пумпа земја-вода во две големини, контролирана со инвертер. NIBE F1355 обезбедува оптимална заштеда на енергија затоа што топлотната пумпа секогаш работи ефикасно и автоматски се прилагодува на потребите за климатизација на објектот во текот на целата година. NIBE F1355 има висок seasonal performance factor (SPF) и работен опсег од 4–28 kW или 6–43 kW. Со волумен на средството за ладење еквивалентен на помалку од 5 тони CО2 по модул на компресор, NIBE F1355 нема потреба од годишна проверка. Два компресори обезбедуваат ефикасно регулирање на моќноста и висока сигурност, и затоа NIBE F1355 е совршена за објекти со поголеми потреби од греење. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан животен стил. Ефикасниот систем на контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температура за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата.
Врвни перформанси
Инвертер технологија за минимални оперативни трошоци и оптимален seasonal performance factor (SPF).
Сигурност
Ефикасно регулирање на моќноста и високо ниво на сигурност за поголеми потреби од греење.
Далечинска контрола
Смарт технологија со интуитивна контрола за лесна далечинска контрола.
Овозможува приоритизација на топла вода кај топлотни пумпи со голема моќност. (моќност на полнење помеѓу 15 и 40 kW), заедно со SMO 10 и F1330-40. За ова е потребен и резервоар за санитарна топла вода, на пример, NIBE VPA.
Дополнително грејно коло (препорачано подно греење од 80-250 m2). ECS 41 се користи кога топлотната пумпа се инсталира во куќи со до четири различни системи за климатизација за кои се потребни различни температури на довод на вода, на пример, во случаи кога куќата има и радијаторски систем и систем за подно греење.
ECS 40 се користи кога топлотната пумпа се инсталира во куќи со до четири различни системи за климатизација за кои се потребни различни температури на довод на вода, на пример, во случаи кога куќата има и радијаторски систем и систем за подно греење.
Висина (mm)
1800
Длабочина(mm)
620
Нето тежина (кг)
335
Класа на ефикасност при собно греење, 35°C
A+++
Класа на ефикасност при собно греење, 55°C
A+++
Класа на ефикасност на системот при собно греење, 35°C
A+++
Класа на ефикасност на системот при собно греење, 55°C
A+++
Количина на ладилно средство/фреон, еквивалент на СО2 (тон)
3,90 / 3,55
Количина на ладилно средство/фреон, R407C (кг)
2,2/2,0