ТОПЛОТНИ ПУМПИ ЗЕМЈА-ВОДА

NIBE F1255

ТОПЛОТНИ ПУМПИ ЗЕМЈА-ВОДА
  • Информација за продуктот
  • Предности

NIBE F1255 е интелигентна топлотна пумпа земја-вода контролирана со инвертер, со интегриран грејач на вода. NIBE F1255 обезбедува оптимална заштеда на енергија затоа што топлотната пумпа секогаш работи ефикасно и автоматски се прилагодува на потребите од топлина во вашиот дом, во текот на целата година. NIBE е водечка фирма на полето на инвертер технологијата, со долгогодишно искуство со топлотни пумпи земја-вода со варијабилна моќност и со една од најшироките палети на производи на пазарот. NIBE F1255 има висок seasonal performance factor (SPF), што резултира со минимални оперативни трошоци. Топлотната пумпа е достапна со три различни степени на моќност: 1,5-6 kW, 3-12 kW и 4-16 kW, и прикладна е и за мали и за големи објекти. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата.

Оптимално прилагодување

Три степени на моќност и водечка инвертер технологија за оптимално прилагодување.

Врвни перформанси

Оптимален seasonal performance factor (SPF), минимални оперативни трошоци.

Максимална удобност

Смарт технологија за заштеда на енергија со интуитивна контрола за максимална удобност.

  • Додатоци
  • Технички податоци
NIBE F1255-6

NIBE PVT

NIBE ECS 41

Дополнително грејно коло (препорачано подно греење од 80-250 m2). ECS 41 се користи кога топлотната пумпа се инсталира во куќи со до четири различни системи за климатизација за кои се потребни различни температури на довод на вода, на пример, во случаи кога куќата има и радијаторски систем и систем за подно греење.

NIBE ECS 40

ECS 40 се користи кога топлотната пумпа се инсталира во куќи со до четири различни системи за климатизација за кои се потребни различни температури на довод на вода, на пример, во случаи кога куќата има и радијаторски систем и систем за подно греење.

NIBE PV

NIBE PV е интегрирано решение што се базира на целосно модуларен систем во осум основни големини: 4 / 8 / 12 / 16 и 20 kW. Секој основен пакет има номинална моќност од 4 kW и се состои од 10 панели, делови за монтажа и инвертер со модул за комуникација, сите подготвени за инсталација. Соларниот пакет лесно може да се прошири со дополнителни соларни панели за оптимално искористување на просторот на кровот. NIBE PV се состои од панели со монокристални силиконски ќелии што користат PERC технологија, со моќност од 400 Wp. Соларните панели се елегантни, целосно во црна боја. NIBE PV ја користи сончевата светлина преку целата година и ја претвора во електрична енергија. NIBE PV може да се поврзе на вашата NIBE топлотна пумпа* за максимална енергетска ефикасност. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температура за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата. * важи за системи кои може да се поврзат на NIBE Uplink.

Висина (mm)

1800

Длабочина(mm)

620

Нето тежина (кг)

220

Класа на ефикасност при собно греење, 35°C

A+++

Класа на ефикасност при собно греење, 55°C

A+++

Класа на ефикасност на системот при собно греење, 35°C

A+++

Класа на ефикасност на системот при собно греење, 55°C

A+++

Класа на ефикасност при греење на вода

A

Количина на ладилно средство/фреон, еквивалент на СО2 (тон)

2,1

Количина на ладилно средство/фреон, R407C (кг)

1,2

Деклариран профил на контакт

XL

Количина на топла вода 40 °C (l)

245