Одржливи енергетски системи за подобра иднина

Нашата култура и вредности

Долго време енергијата се сметаше за нешто што постои за потрошувачка, без да се земе предвид влијанието што оваа потрошувачка го има врз животната средина. Во денешно време, важно е секое поединечно енергетско решение да е иновативно, одговорно и професионално: врз овие принципи се заосноваат нашите вредности.

Одговорност

Со успехот доаѓа општествената одговорност, и во NIBE, заштитата на животната средина е наша водилка низ целиот наш синџир на вредности. Нашата долгорочна стратегија e да пронаоѓаме првокласни енергетски решенија кои придонесуваат за поодржливо општество. Превземаме целосна одговорност за животната средина – од развивање на производите, до завршување на животниот циклус на производот. Ако целиме кон проактивно преземање одговорност за животната средина, клучни за тоа се одговорните набавки и наметнувањето барања кон нашите снабдувачи и партнери.

Професионалност

Страста за претприемништво, постојан развој на производите и аквизициите, нѐ имаат направено она што сме денес. Важно е да го одржуваме и развиваме силниот бизнис кој го создадовме. Веруваме во искреност и транспарентност во сите аспекти на нашето работење и истото го очекуваме од нашите партнери. Работата во групацијата се заоснова на одговорност, отвореност, етичко однесување и почит кон интересите на нашите партнери.

Иновации

Нашиот успех во голема мера е резултат на перформансите на високо-технолошките производи кои ги развивме и на нашиот фокус врз одржливоста и животната средина. Во NIBE, функционалноста, квалитетот, безбедноста и еколошките карактеристики на нашите производи се клучните предуслови за нашиот континуиран раст. Секогаш се стремиме да обезбедиме нашите производи да придонесуваат кон одржлив развој. Енергетската ефикасност и еко-дизајнот се, поради тоа, главните одлики на нашата мисија.

 

_

Дознајте повеќе

Корисни линкови