NIBE SPLIT HBS 20 е интелигентна и компактна воздушна/водена топлотна пумпа контролирана со инвертер. Надворешниот модул AMS 20, преку цевките со течност за ладење е поврзан со NIBE HBS 20 сплит кутијата, која се наоѓа внатре во домот. NIBE SPLIT HBS 20 обезбедува оптимална заштеда затоа што топлотната пумпа автоматски се прилагодува на потребите за климатизација на објектот, во текот на целата година. NIBE SPLIT HBS 20 работи до надворешна температура од -20°C и истовремено обезбедува до 58°C температура во доводната линија. Ефикасната функција на ладење овозможува топлотната пумпа да постигне пријатна амбиентна температура во домот, дури и при високи надворешни температури.
ИНТЕЛИГЕНТНА ТЕХНОЛОГИЈА
Компактна топлотна пумпа која се прилагодува на потребите на вашиот дом
ПОЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ
Смарт технологија со интуитивна контрола за заштеда на енергија
NIBE SMO 20 овозможува оптимизирана контрола на системот за климатизација и дизајнирана е да се комбинира со NIBE воздушни/водени топлотни пумпи за да обезбеди интегриран систем за климатизација на вашиот дом. Контролниот модул - NIBE SMO 20, нуди флексибилно системско решение. NIBE SMO 20 е поврзан со дополнителни компоненти за ефикасно греење, ладење и санитарна топла вода за целосно прилагодување на инсталацијата на вашите потреби. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата .
NIBE SMO 40 овозможува оптимизирана контрола на системот за климатизација и дизајнирана е да се комбинира со NIBE воздушни/водени топлотни пумпи за да обезбеди интегриран систем за климатизација за домови и објекти. NIBE SMO 40 нуди максимална флексибилност за системски решенија. Контролниот модул може да се поврзе со компоненти како што се грејач на вода, дополнителни извори на топлина и друга дополнителна опрема, за целосно прилагодување на инсталацијата кон потребите на објектот. На еден контролен систем може да се поврзат до осум NIBE воздушни/водени топлотни пумпи . Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата .
Висина (mm)
565
Длабочина(mm)
472
Нето тежина (кг)
13