NIBE SPLIT HBS е интелигентна и компактна воздушна/водена топлотна пумпа контролирана со инвертер. Надворешниот модул NIBE AMS 10, преку цевките со течност за ладење е поврзан со NIBE HBS 05 сплит кутијата, која се наоѓа внатре во домот. NIBE SPLIT обезбедува оптимална заштеда на енергија затоа што топлотната пумпа автоматски се прилагодува на потребите за климатизација на објектот, во текот на целата година. NIBE SPLIT HBS работи до надворешна температура од -20°C и истовремено обезбедува до 58°C температура во доводната линија. Ефикасната функција на ладење овозможува топлотната пумпа да постигне пријатна амбиентна температура во домот, дури и при високи надворешни температури. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот конектиран дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температура за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата.
Интелигентна технологија
Компактна топлотна пумпа која се прилагодува на потребите на вашиот дом
Моќна
Висок капацитет дури до -20°C и ефикасна функција на ладење
Поедноставен живот
Смарт технологија со интуитивна контрола за заштеда на енергија
NIBE SMO 40 овозможува оптимизирана контрола на системот за климатизација и дизајнирана е да се комбинира со NIBE воздушни/водени топлотни пумпи за да обезбеди интегриран систем за климатизација за домови и објекти. NIBE SMO 40 нуди максимална флексибилност за системски решенија. Контролниот модул може да се поврзе со компоненти како што се грејач на вода, дополнителни извори на топлина и друга дополнителна опрема, за целосно прилагодување на инсталацијата кон потребите на објектот. На еден контролен систем може да се поврзат до осум NIBE воздушни/водени топлотни пумпи . Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата .
NIBE SMO 20 овозможува оптимизирана контрола на системот за климатизација и дизајнирана е да се комбинира со NIBE воздушни/водени топлотни пумпи за да обезбеди интегриран систем за климатизација на вашиот дом. Контролниот модул - NIBE SMO 20, нуди флексибилно системско решение. NIBE SMO 20 е поврзан со дополнителни компоненти за ефикасно греење, ладење и санитарна топла вода за целосно прилагодување на инсталацијата на вашите потреби. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата .
ECS 40 се користи кога топлотната пумпа се инсталира во куќи со до четири различни системи за климатизација за кои се потребни различни температури на довод на вода, на пример, во случаи кога куќата има и радијаторски систем и систем за подно греење.
Висина (mm)
640
Длабочина(mm)
290
Нето тежина (кг)
46