- Алтернативно и адаптибилно греење - Заштеда на енергија - Едноставно за управување
Системи за греење на комбинирани куќи за одмор
Со оглед што популарноста на „одморот дома“ не покажува знаци на опаѓање, побарувачката за луксузно сместување продолжува да расте.
За еден сопственик на одморалиште, кој си го исполнил долгогодишниот сон за поседување на комплекс во Западен Јоркшир, возбудливата нова фаза е сега завршена - пет луксузни викенд-куќи за одмор. Сузи Стуарт - сопственик на Оликана Котиџис во Илкли, нарача изградба на пет двокреветни, дрвени викенд-куќи на крајбрежјето на реката Варф. Сауни и топли бањи, луксузни викенд-куќи кои нудат целосно уживање во мирното опкружување покрај реката.
Веројатно најинтересно е како се греат викенд-куќите и новиот кафе бар - со централни топлотни пумпи земја-вода NIBE, давајќи им на викенд-куќите и кафе барот независна контрола над греењето и топлата вода. Топлотната пумпа NIBE 40kW и 7501 акумулациониот резервоар ја формираат основата на системот дизајниран од Warmaway - инсталатерите на NIBE VIP, кои го создадоа овој иновативен пристап за греење на повеќе единици преку централната комунална единица. Како дополнување кон еколошкото обмислување на изградбата на колибите и кафе-барот, целиот дрвен материјал беше одржливо снабден од локации во Обединетото Кралство.
Решение - одржливо греење со топлотни пумпи земја-вода
„Ми беше задоволство повторно да работам за Сузи откако, пред неколку години, го инсталирав системот на топлотни пумпи земја-вода NIBE во нејзиниот дом“ изјави Џон Редгвик од Warmaway. „Поради комплексната природа на овој посебен систем, во многу рана фаза се вклучивме во процесот на спецификација, со цел да се постигне максимална ефикасност уште со самиот дизајн. Поради геологијата и изгледот на локацијата, утврдивме дека бушотините за колекторите треба да се изведат длабински, наместо површински. Системот функционира со позиционирање на топлотната пумпа и бојлерот во посебна просторија во машинска соба, од каде топлината се дистрибуира до викенд-куќите и кафулето. Секој имот има своја единица за термален интерфејс (Thermal Interface Unit) кој овозможува автономност во контролирање на температурата во одделните викенд-куќи; единицата, исто така, снабдува топлина за топлите бањи и сауните кои се составен дел на секоја викенд-куќа.“
Резултати - Заштеда на енергија и финансиски бенефит
Овој тип на системи е особено уникатен и претставува алтернативен начин на кој топлотните пумпи може да се користат за задоволување на различните потреби и барања.
Warmaway спроведоа детални анализи на перформансите на системот и предвидоа дека исплатите од субвенциите за обновливо греење (RHI) ќе надминат £103.000 во текот на 20 години - период на поврат на инвестицијата за комерцијалните инсталации.
Викенд-куќите се греат со подно греење што се напојува од топлотната пумпа земја-вода NIBE, обезбедувајќи постојана температура во секоја просторија. Исто така е инсталиран и NIBE ELK26 електричен помошен греач за да се обезбеди доволен капацитет дури и во најстудените зими.
За да дознаете повеќе за топлотните пумпи земја-вода NIBE или да го најдете вистинскиот производ, погледнете го нашиот водич за производи или преземете ја нашата брошура на производи.