ТОПЛОТНИ ПУМПИ ВОЗДУХ-ВОДА

NIBE VVM 325

ТОПЛОТНИ ПУМПИ ВОЗДУХ-ВОДА
  • Информација за продуктот
  • Предности

NIBE VVM 325 е дизајнирана за комбинирање со која било NIBE воздушна/водена топлотна пумпа со цел да создаде високо ефикасен систем за климатизација на вашиот дом. Сите хидраулични врски се наоѓаат на долниот дел од производот. NIBE VVM 325 има смарт, интуитивен контролен систем кој обезбедува ефикасно греење/ ладење и санитарна топла вода со високи перформанси. NIBE VVM 325 е спремен за инсталација затоа што веќе се вклучени грејачот на вода, електричното дополнително греење, саморегулирачката циркулациона пумпа, вентилот за полнење, манометарот, сигурносниот вентил и експанзионен сад. Благодарение на смарт технологијата, производот ви овозможува контрола врз потрошувачката на енергија и ќе биде клучен дел од вашиот поврзан дом. Ефикасниот систем за контрола автоматски ја прилагодува амбиентната температурата за максимална удобност во домот, истовремено заштитувајќи ја природата .

Смарт и интуитивна

Прилагодена функција со смарт контролен систем.

Интегриран систем

Комбинирајте со NIBE воздушна/водена топлотна пумпа за интегриран систем

Дел од вашиот смарт дом

Контролирајте ја својата удобност онлајн, со користење на NIBE Uplink